top of page

ВИЕНА ЗА 08-МИ ДЕКЕМВРИ

Прошетката низ најголемиот град во Австрија, Виена, наречен Град на музиката, е како истовремено да се вратите чекор назад во времето и да скокнете чекор напред во фантазијата. Овде реално можете да одите по стапките на Моцарт, Бетовен, Хајдн или Шуберт.
Виена е најголем град во Република Австрија со население од повеќе од 1,7 милиони жители. Тој е главен град и културен, економски и политички центар во Австрија. Магичниот град Виена се наоѓа на брегот на реката Дунав, со шумски ридови на север и запад. Дунав поминува низ два вештачки канали, изградени за да ги спречат поплавите, кои создаваат тесен остров во средината. Градот е елегантен и културен и е познат по својата уметност и музика. Како поранешен дом на Хабсбуршките династии и нивните различни империи, градот сѐ уште има декорации од главниот град на некогашната империја, а историскиот градски центар е впишан на Списокот на светското наследство на УНЕСКО.

Со огромно задоволство можеме да ви соопштиме дека повторно можеме да патуваме во Австрија. Одиме за 8-ми декември на прекрасниот божиќен маркет.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129евра по лице (редовна цена 139евра)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • две ноќевања во хотел 3* со појадок во Виена

  • автобуски превоз на дадената релација

  • посета на трговски центар Parndorf ЛИНК ОД АУТЛЕТОТ

  • организација и водство со пратител од агенцијата


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Виена со водич – 15евра

  • Посета на дворецот Шенбурн со вклучена влезница – 35 евра

  • задолжително патничко осигурување (МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА!)


ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН – Среда (08.12)

Собир на групата на Дрводекор Скопје во 14 часот. Поаѓање во 14:30. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – Четврток (09.12)

Пристигнување во Виена во зависност од попатните ситуации со граничните премини. Веднаш преминуваме на панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…
Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време сместување во хотел и слободно време за одмор се до вечерните часови кога групата ќе може да оди во посета на прекрасниот божиќен маркет. Од средината на ноември до Божиќ, најубавите градски плоштади во Виена се претвораат во волшебни Божиќни пазари. Аромата на Божиќните пекарски производи и ароматичните топли напитоци, создаваат неповторлива предновогодишна атмосфера. Еден од најпознатите Божиќни пазари и со најдолга традиција е “Vienna Magic of Advent”, кој плоштадот пред Градското собрание го претвара во сјајна бајковита земја. Ве чекаат Божиќни подароци, украси од дрвја, слатки и топли пијалоци, рингишпил, како и забавни Божиќни работилници за деца. Дрвјата, излозите … се во околината е празнично украсено и зрачи со воодушевувачки сјај – Виенска предновогодишна магија. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – Петок (10.12)

По појадокот се упатуваме на факултативна посета на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија, изграден во 1.700 година. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф…
По завршувањето на посетата на Шенбурн се враќаме во хотел. Слободно време и ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН – Сабота (11.12)

По појадокот во договорено време се напушта хотелот и групата се упатува во посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг во договор со водичот. Поаѓање за Скопје во договорено време.

ПЕТТИ ДЕН – Недела (12.12)

Пристигнување во Скопје во раните утрински или претпладневни часови, во зависност од царинските формалности.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

За ова патување потребни се примени две дози и 14 дена од втората примена доза на било која вакцина (признаени се сите вакцини во Австрија)
Доплата за сингл соба е 50% од сумата на аранжманот


НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.


ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Golden Tour ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Golden Tour не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.


Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Golden Tour.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page