top of page
1/9

Карневал во Венеција со авион

4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

17-20.03.2023

Венецијанската лагуна е изградена на 118 мали острови, поврзани со канали и мостови.

Овој ‘’Град на вода’’ богат со културно – историски споменици е познат и под името Кралица на Јадранот.

Венецијанскиот карневал за многумина претставува радост, заведување, забава, луксуз ... со еден збор: слобода!

Необичен и мистичен град кој вреди да се посети. Традцијата и фестивалите низ годините се сведок за тоа.

17. Февруари (Петок) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 

18. Февруари (Сабота) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Сместување во хотел и ноќевање.

19. Февруари (Недела) ВЕРОНА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14ти и 15ти век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани... Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

20. Февруари (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона - градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот: 129 € (7.998,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси

  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)

  • Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно

  • Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Местре на база 3 ноќевања со појадок

  • Разглед на Венеција

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.800 денари

  • Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.000 денари

  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра

  • Посета на Верона 50 евра

  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)

  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

 

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн 8 / локал 1

Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 311 222

M. +389 72 220 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page