



Карневал во Венеција со авион
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА
17-20.03.2023
Венецијанската лагуна е изградена на 118 мали острови, поврзани со канали и мостови.
Овој ‘’Град на вода’’ богат со културно – историски споменици е познат и под името Кралица на Јадранот.
Венецијанскиот карневал за многумина претставува радост, заведување, забава, луксуз ... со еден збор: слобода!
Необичен и мистичен град кој вреди да се посети. Традцијата и фестивалите низ годините се сведок за тоа.
17. Февруари (Петок) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Венеција во 13:10 и слетување во 15:00 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
18. Февруари (Сабота) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
19. Февруари (Недела) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
20. Февруари (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 333 евра (20.650 денари)
Цената вклучува:
-
Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
-
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
-
Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
-
Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it/en) во Местре на база 3 ноќевања со појадок
-
Разглед на Венеција
-
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
-
Цената не вклучува:
Цената не вклучува:
-
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.800 денари
-
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.000 денари
-
Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 евра
-
Посета на Верона 50 евра
-
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
-
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
-
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
-
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
-
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
-
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 61,8 денари
-
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн 8 / локал 1
Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 311 222
M. +389 72 220 528