



SOLARIS RESORT - VRNJACHKA BANJA
Врњачка Бања се наоѓа на 200 км од Белград и располага со голем избор на хотели ,вили и приватни сместувања. Позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција ,лечење ,дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести.
Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзиусови колку што е температурата на човечкото тело по што е единствена во Европа.
Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори: Снежник, Слатина ,Топла Вода, Езеро,Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода ( Борјак и Врњачко врело )
Врњачките лековити води се користaт за лекување на:
-Шеќерни болести, хронично воспалување на црева и желудник, чир во желудник и дванаесетпалачното црево, болест на бубрежната карлица ,мочниот меур, уринарниот тракт и др болести
Соларис ресортот е нов и модерен опремен комплекс во Врњачка Бања, со амбиент кој зрачи со удобност и артистички шарм.Комплексот ви нуди луксузни апартмани и фамилијарни соби со елегантен стил,ресторан,аперитив бар,конференциска сала и паркинг. Исто така нуди и спортски и рекреативни објекти со затворени и отворени базени, фитнес центар,ексклузивен велнес центар и зона за релаксирање.Пријателски и професионален персонал кој ви нуди услуги со највисоки светски стандарди.
Комплексот се наоѓа во мирниот дел на Врњачка Бања во близина на главното шеталиште.Идеално место за одмор и релаксација.
*Цените се изразени по лице од ноќевање во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд
*** Цените не се валидни за државни и верски празници
Цената вклучува:
Неограничено секојдневно користење на Wellness центар (базен со солена соба, солена соба, ладна соба, финска сауна, руска сауна, парно купатило, џакузи, арома терапија тушови)
Неограничено користење на детско катче
Неограничено користење на отворените базени.
Бесплатен паркинг
Бесплатен интернет
Доплата за пансионски појадок 5 евра, за дете доплата 3 евра
Доплата за ручек 8 евра, за дете доплата 4 евра
Општи услови
Пријавувањето во хотелот е од 14 часот, одјава до 11 часот,
Појадок и вечера се служат на шедска маса или директен сервис во зависност од бројот на гостите
Во недела можност за касно одјавување ( по барање)
Туристичка такса 1 евро по лице на ден, осигурување 0,10еур по лице на ден, се плаќа на лице место
Услови за престој на деца
Деца до 4 години бесплатно
Деца до 7 години не плаќаат туристичка такса
Од 4-11,99год плаќаат: Ноќевање со појадок 18еур на ден, на Полупансион 23еур
Од 7 до 15 години плаќаат туристичка такса 0.5 евра
Децата до 12 години користат солена соба и затворен базен со солена вода е со задолжителна придружба на родител во детскиот термин од 10 часот до 18 часот.

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528