1/7

ПРОЛЕТ ВО РИМ - 3 ДЕНА СО АВИОН

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН РИМ!

РИМ ПРОЛЕТНО ПАТУВАЊЕ | Авион | 15 Мај | 3 дена 

289 евра по лице

 

  • Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.
    Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади.

 

15. Мај (Недела)    СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:00 часот. Полетување за Рим во 18:30 и слетување
во 20:10 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Препорачуваме прошетка до
боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската
кујна. Ноќевање.

16. Мај (Понеделник)    РИМ

Појадок. Препорачуваме прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на
Шпанските скали познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање
паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент, Црквата Св. Петар во ланци со
статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот
Плоштад Кампидољо... Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани –
Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе.
Ноќевање.

17. Мај (Вторник) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики,
скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од
Микеланџело со уникатни ремек дела. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во
20:45 и слетување во 22:30 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во х.Leonardo 4*(линк): ОД 289 €

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во х.Mozart 4*(линк): ОД 359 €


Цената вклучува:

  • Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон – Истанбул – Скопје со вклучени аеродромски такси

  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

  • Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто

  • Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон

  • Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон

  • 2 ноќевања со појадок во Legendary Porto Hotel 3* во Порто (линк до веб страната од хотелот)

  • 3 ноќевања со појадок во Turim Hotel 4* во Лисабон (линк до веб страната од хотелот)

  • Разглед и прошетки во Лисабон според програмата

  • Разглед и прошетки во Порто според програмата

  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето


Цената не вклучува:

  • Туристичка такса 15 евра (се плаќа во хотелите на рецепција)

  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 75 евра

  • Карти за локален превоз (метро)

  • Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 61,8 денари

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел

1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk