1/2

Протоколи за влез во Шпанија

ШПАНИЈА

 

Согласно одлуката на Владата на Шпанија, од 6 септември 2021г. се модифицира листата на трети земји и земји од ризик со рестрикции за влез во Шпанија, за патувања кои не се неопходни.

Според оваа одлука, започнувајќи од 6 септември 2021г., граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да влезат во Шпанија под следните услови:
1. За пристигнувања со авион или брод, задолжителна е регистрација 48 часа пред патувањето на https://spth.gob.es/ (во моментов не е потребна регистрација ако во Шпанија се влегува по копнен пат).
2. Приложување на сертификат за вакцинација со вакцина призната од Светската Здравствена Организација (WHO) и Европска Агенција за Лекови(EMA).
Почнувајќи од 1 февруари 2022 година, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на земјата на потекло, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина. По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина.
Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од WHO и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна WHO и ЕМА.
3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1).
4. Почнувајќи од 8 март 2022 година, за деца од 12 до 18 години се дозволува влез со негативен PCR или NAAT тест, не постар од 72 часа, со задолжителната регистрација (од точка 1).
5. За сите лица над 18 години, влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен САМО за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.

-На туристи без сертификат за имунизација нема да им биде дозволен влез во Шпанија!

Во сертификатот е потребно да бидат евидентирани: име и презиме, датум на примени вакцини, вид на вакцина, колку дози се примени, земја која го издава Сертификатот и број на идентификација на органот. Сертификатот се признава доколку е издаден на шпански, англиски, француски или германски јазик. Доколку е издаден на друг јазик, потребно е да биде придружуван со официјален превод. За сите лица, без оглед на возраста, е задолжително пополнување на FCS формуларот кој се наоѓа на https://spth.gob.es/ или мобилната апликација SPAIN TRAVEL HEALTH (SpTH). Формуларот е задолжителен за транзит и за влез, за сите патници, од сите возрасти без исклучок..

Линк до објавата (на англиски јазик) на Амбасадата на Шпанија во Република Северна Македонија: https://bit.ly/3hRI4Gf

Листата на земји од висок ризик е објавена на веб страната на Министерството за здравство на Шпанија.
Листата се ажурира на секои 7 дена и може да се проверува на следниот линк: https://bit.ly/3BFZCNg

Во случај на потреба од дополнителни/специфични информации, советуваме пред патувањето да биде консултирана Амбасадата на Шпанија во Скопје. 

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел

1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk