1/2

Протоколи за влез во Италија

ИТАЛИЈА

За влез на територија на Р. Италија се уште е во сила Одлуката на Министерството за здравство на Р.Италија од 22.02.2022, чија важност е продолжена до 30.04.2022. Според истата, не постојат веќе различни листи на земји, и влез во Р.Италија ќе му биде дозволен на секој странски државјанин, кој ќе ги приложи следниве документи:

-          Passenger Locator Form (PLF)  - во хартиена или дигитална форма;

-          Ковид-19 сертификат – Green Pass, односно: сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Ковид 19 или негативен молекуларен или антигенски тест, или кој било друг признат еквивалентен сертификат за вакцинација.

Во случај да не поднесе еден од горенаведените сертификати, за патникот ќе биде предвиден на 5-дневен карантин, со обврска да направи молекуларен или антигенски тест на крајот на овој период.

Што се однесува до валидноста на вакциналните сертификати, покрај вакцините признаени од Европската медицинска агенција (EMA), италијанските власти еквивалентно ги признаваат и следниве вакцини:

-          Covishield (Индија), произведена под лиценца од AstraZeneca;

-          R-CoVI (R-Pharm), произведена под лиценца од AstraZeneca;

-          Рекомбинантна вакцина (Фиокруз), произведена под лиценца од AstraZeneca;

 

Според истата идлука, патувањата од/до  Државата на градот Ватикан не подлежи на никакви ограничувања. Дополнително, според официјалните веб страници на институциите на Ватикан, за пристап до базиликата Сан Пјетро и Ватиканските музеи, покрај еден од горенаведните Green Pass сертификати, потребне носење на заштитна медицинска маска со FFP2 стандард, во текот на целото времетраење на посетата. На самиот влез од базиликата и музеите се врши мерење на телесната температура, која  не треба да надминува 37,5 степени. Дополнително, се препорачува одбегнување на поголеми групирања и одржување лични мерки за хигиена.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел

1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk