



Протоколи за влез во Србија
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО СРБИЈА ЗА МК ДРЖАВЈАНИ
Во согласност со постоечките правила, за влез на македонските државјани од РСМ во Република Србија не постојат никакви ограничувања.
Ограничувањата се само доколку нашите државјани доаѓаат од останатите земји, при што и за нив важат востановените правила:
- поседување на негативен PCR тест или негативен Антиген FIA Rapid тест доколку лицето доаѓа од САД - (не постари од 48 часа);
- Сертификат за потполна вакцинација доколку лицето е вакцинирано во РС, односно во држава со која РС има склучено договор за признавање на вакцинацијата (Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Турција, ОАЕ, Чешка, Индија) односно држава со која РС има фактички реципроцитет за признавање на сертификати за вакцинација (Хрватска, Словачка, Грузија, Мароко, Кипар, Либан, Молдавија, Сан Марино, Тунис, Ерменија, Египет);
- Потврда за прележана болест COVID 19 - потврда или друг јавен документ во кој е наведено дека имателот на документот имал болест предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, односно дека присуството на вирусот SARS-CoV-2 било утврдено кај тоа лице, во период не помалку од 14 дена и не повеќе од шест месеци, кои се издадени од Институтот за јавно здравје основан на територијата на Република Србија, или од надлежниот орган на државата со која Република Србија има склучено договор или де факто реципроцитет на признавањето на таквите документи (Хрватска, Германија, САД, Швајцарија, Данска, Луксембур, Шпанија, Австрија, Бугарија, Грција, Андора, Сан Марино, Словенија, Тунис, Турција, Романија;
- Лицата кои се во транзит низ РС (вклучително и македонските државјани) истото можат да го сторат без никакви ограничување во период не подолг од 12 часа.
- За малолетни лица до 12 години нема никакви ограничувања.

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528