


Протоколи за влез во Португалија
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОРТУГАЛИЈА
Согласно информациите добиени од Португалската Амбасада во Париз известувамe дека наведените лица може да учествуваат на активностите под следните услови кои се на сила од 1 до 31 октомври:
Дозволени се службени посети или учество на курсеви, семинари, обуки и друго за што со себе треба да имаат покана или друг документ од организаторот.
За лицата кои се вакцинирани со вакцини признаени од ЕУ (BioNTech и Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Janssen Pharmaceutica NV) нема потреба од дополнителни мерки (Но во секој случај потврдата што ја имаат треба да биде читлива и разбирлива за пограничните служби). Истото важи и за лицата кои прележале Ковид (треба да поседуваат соодветна потврда).
За сите останати лица кои не се вакцинирани (или се вакцинирани со други вакцини кои не се признаени во ЕУ) треба да имаат ПЦР тест кој нема да биде постар од 72 часа или антиген тест не постар од 48 часа пред првото полетување. Можно е по пристигнување да биде направен тест по случаен избор од нивните санитарни контроли на аeродромот пред да се влезе во земјата.
Сите патници треба да пополнат формулар „патнички локатор“ 4 дена пред полетување кој се пополнува преку интернет и истиот треба да го имаат со себе за време на патувањето (https://portugalcleanandsafe.pt/en/passenger-locator-card).
Во овој момент нема други ограничувања но треба да се има во предвид дека состојбите брзо се менуваат а со тоа и превентивните мерки за влез. Од амбасадата предлогот е сите лица без разлика дали се вакцинирани или не да направат ПЦР тест пред тргнување за да нема изненадување кај авиокомпаниите со кои ќе летаат.

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528