top of page

ВИЛА ПОРТО ФИНО - Никиана

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа меѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажи на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

 

Вила Порто Фино се наоѓа на самиот магистрален пат, на 30метри од плажа, во нејзина близина има неколку ресторани, таверни и пекара. Вилата располага со само со трокреветни студија кои се наоѓаат на прв кат.

Сите студија располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (доплата од 4еур на ден) , ТВ, тераса.

 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 10.06.2021

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

- Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

 

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • Скопје (Дрводекор) - 45€ по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес -50€ по лице

  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -45€ по лице

  • Кавадарци – (БП Макпетрол – Дреново) -45еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • Битола-Автобуска станица Транскоп – на перон-40€ по лице

  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -45€

  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -45€ по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -45€ по лице

 

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

 

- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15 Евра од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје

- Деца до 1,99 години бесплатно

-Возрасно лице над 63год - 10еур попуст

 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* за уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст  (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

 

Време на поаѓање за Лефкада:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола

  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола

  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

  • 04:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)

  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page