



ПАРИЗ - 4 ДЕНА СО АВИОН
ПАРИЗ | Авион | 11 Март | 4 дена
399 ЕУР по лице за уплати до 15.01.2023
Сместен во северниот дел на Франција, низ него минува реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, најроманичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот и храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку фотографии и покрај Триумфалната капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...
11 МАРТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ - Лувр
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.40 часот. Полетување за Париз во 06.40 и пристигнување во Париз во 09.45 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Сместување во хотел. Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Слободна вечер. Ноќевање.
12 МАРТ ПАРИЗ – Версај
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Слободно попладне. Ноќевање.
13 МАРТ ПАРИЗ
Појадок. Посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.
14 МАРТ ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.20, пристигнување во 13.00 часот.
Цена за рана уплата до 15.01.2023 : 399 евра (24.658 денари)
Редовна цена: 479 евра (29.602 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
-
Аеродромски такси
-
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
-
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
-
Сместување во Хотел IBIS LA DEFENSE CENTRE 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок.
-
Организиран разглед на Париз
-
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Чекиран багаж: 1 куфер до 10кг = 3.600 ден
-
Туристичка такса 750 мкд - се плаќа во агенција
-
Посета на Версај 80 евра (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер) задолжително е резервација и уплата во агенција
-
Посета на Лувр 50 евра (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич) задолжително е резервација и уплата во агенција
-
Влезница за Ајфелова Кула 20 евра до 2кат
-
Крстарење по Сена 20 евра
-
Карти за јавен превоз (метро)
-
Патничко-здравствено осигурување
-
Доплата за еднокреветна 7.440 мкд
НАПОМЕНА:
-
Сместувањето во хотел, бидејќи ИБИС располага исклучиво со двокреветни соби, трокреветните соби ќе бидат сместени во НОВОТЕЛ, при тоа цената останува иста за сите лица кои користат лежај, безразлика дали се возрасни или деца. Децата до 3 години можат да се сместат во хотел бесплатно со двајца возрасни.
-
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
-
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 61,8 денари.
-
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
-
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
-
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
-
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
-
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн 8 / локал 1
Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 311 222
M. +389 72 220 528