1/7

Sithonia Village - Gerakini

Геракини е едно од најстарите туристички дестинации на Халкидики. На почетокот на вториот крак – Ситонија, Геракини нуди можност за прекрасен релаксирачки одмор. Песочните плажи, кристално чистото море на топлиот Медитеран и боровата шума која ја прекрива планината, идеалната клима, трудољубивоста на локалните жители го прават ова место одлично за одмор.

Хотелот се наоѓа во Геракини , во пријатно зеленило, оддалечен на само 2минути од плажа. Составен е од 9 бунгалови на два ката, од кои 3 се комплетно реновирани, во кои се сместени супериор собите. Собите се на приземје и на прв кат.

Супериор двокреветна соба (1/2) се состои од еден брачен кревет во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, тв, клима (вклучена во цената)
Супериор двокреветна соба (1/2+1) се состои од еден брачен и еден додатен кревет во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, Тв, клима (вклучена во цената) .
Фамилијарна соба (1/2+2) се состои од еден брачен и кревети на спрат во една просторија, опремени со бања, фен, балкон, Тв, клима (вклучена во цената)

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН

ПРОМО АРАНЖМАНИ: 

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2021

ПРВИТЕ ДВЕ СМЕНИ И ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ, СЕ ПРОМО ТЕРМИНИ И НЕ ПОДЛОЖАТ НА НИКАКОВ ПОПУСТ

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ РЕДОВНИ ЦЕНИ, БЕЗ ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ

Капацитет:

Double superior  (1/2)– 2 возрасни + 1 бебе (0-1,99год)(не е дозволено дете над 2 години)

Double superior (1/2+1) – 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца (едно од 0-11,99год и второ од 0-1,99год)

Family room – (4 возрасни или 3 возрасни или 2 возрасни +2 деца до 11,99год)

 

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:

  • -Цените се дадени по лице за 7  ноќевања на база полупансион (појадок и вечера)

  • -Прво и второ дете до 11,99- БЕСПЛАТНО (во Фамилијарна соба-Quadruple room)

  • -Прво дете од 0-11,99год во Трокреветна соба – Бесплатно

  • -Второ дете од 0-1,99год во Трокреветна соба – бесплатно, спие со родители, нема baby cot

  • -Дете од 0-1,99 се сместува бесплатно – спие заедно со 2ца возрасни во Двокреветна соба, нема baby cot

  • -Трето возрасно лице во Трокреветна соба – Бесплатно

  • -Трето возрасно лице во Фамилијарна соба – Бесплатно

  • -Четврто возрасно лице во Фамилијарна соба – плаќа 7 еур на ден или 49еур за 7 ноќевања, и на оваа цена НЕ следува попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

  • Доплата за туристичка такса – 1.5€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.

 

ОПШТИ УСЛОВИ

-За резервација задолжително уплата аванс 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
-За резервации направени на EARLY BOOKING, 50% уплата до наведениот датум погоре
-Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
-Сопственикот на хотелот го задржува правото при евентуално направена-причинета штета да изврши наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ситонија (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 40еур по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице

  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45еур по лице

  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 40еур по лице

  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ситонија:
-3:00 Битола (Градска Автобуска станица на перон)-35еур

  • Попуст за лица над 63год – 10еур

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена, 15еур од Битола

  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попуст за рана резервација и промо цените

*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* Попустите не може да се комбинираат

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk