1/10

ВИЛА НИКИТИ БЕЈ - Никити

Никити Беј Апартмани се нов објект дел од понудата Грција лето 2020. Оваа релативно нова градба, изградена е 2014 година, a сите соби се реновирани 2018/2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 150м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од модерно опремените студија е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голем двор. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.

- 15% за резервации со комплетни уплати до 31.03.2020

- 10% за резервации со комплетни уплати до 30.04.2020

 

*ТЕРМИНИТЕ ОД 28.06-23.08.2020 СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

ПРВИТЕ 5 И ПОСЛЕДНИТЕ 5 ТЕРМИНИ СЕ ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.


Услови за рана разервација: 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рана резервација ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација и истите се резервираат со 30% аконтација. Првите два и последните два термини се промо цени. 

*ТЕРМИНИТЕ ОД 28.06-23.08.2020 СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

ПРВИТЕ 5 И ПОСЛЕДНИТЕ 5 ТЕРМИНИ СЕ ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • 7 ноќевања во студио.
    • Туристички придружник за време на патувањето.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Автобуски превоз.
    • Задолжително патничко осигурување.

НАПОМЕНИ:

  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа.

  • Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).

  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости.

  • Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија.

  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.
Доплата за превоз:
35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште).

ГОСТИТЕ СЕ ЧЕКИРААТ ВО ХОТЕЛОТ ТОРОНЕОС НА РЕЦЕПЦИЈА,

ТАМУ ГИ ДОБИВААТ И КЛУЧЕВИТЕ ОД СОБИТЕ ВО ВИЛА НИКИТИ БЕЈ

Минимум 1 ден пред секое поаѓање ве замолуваме да се информирате во агенција за времињата на поаѓање. Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути преходно. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2020 by Golden Tour. All rights reserved.