1/11

VILA MOZART

Вила Моцарт е апартманско сместување и е лоцирана во населбата Чајетинска Чешма на 6 км од центарот на Копаоник. Сместена е надвор од главниот пат, доволно далеку за да уживате во мир и тишина, а во исто време е близу до локалните продавници. На 150м од вилата се наоѓа автобуска постојка за до жичарата.

Располага со 1/5, 1/4 и 1/2 апартмани.

Цените се изразени во евра по лице за 3 ноќевања со вклучен појадок и превоз до Копаоник.

*УСЛОВИ ЗА ДЕЦА**

– Дете до 3 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно.

– Дете до 11,99 години на 50%

- Трето и Четврто лице во иста соба плаќаат по 109 евра.

Во цената не е вклучено:

– Туристичка такса 1,10€ по лице по ден

– Патничко осигурување

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-КОПАОНИК-СКОПЈЕ

– Цена само за превоз за возрасен е 45 евра, а за деца од 2-11,99 години е 30 евра

– Поаѓање секој четврток во 07:00 часот од Скопје (Дрводекор), враќање од Копаоник во недела 14:00 часот.

– Цената за превозот важи за месец Јануари и Февруари 2021

– Доколку сакате да користите сопствен превоз се одбива 15 евра по лице.

 

Kопаоник – Ski pass цени 2020/2021

Возрасни (12-64 години)

Дневна карта: 29 евра

Дводневна карта: 55 евра

Тридневна карта: 78 евра

Деца (06-11 години)

Дневна карта: 21 евра

Дводневна карта: 38 евра

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

– Дете до 3 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно.
– Дете до 11,99 години плаќаат 50% од сумата.
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот.
– Се патува со лична карта преку граничниот премин Табановце, за влез во Србија не е потребен PCR тест.

– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд
– Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање
– Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради ситуацијата со која се соочуваме, средствата ќе бидат рефундирани во целост.
– За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 30 патници.
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2021 by Golden Tour. All rights reserved.