top of page

САНКТ ПЕТЕРБУРГ И МОСКВА

САНКТ ПЕТЕРБУРГ И МОСКВА

Датум: 29 Април | Денови: 7 | Превоз: Авионски | Цена: 779 Евра | Хотел: Хотели 3/4*

Опис на патувањето:

29. Април (Среда) СКОПЈЕ - ВИЕНА - МОСКВА                         

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:00 часот. Полетување во 04:30 преку Виена и пристигнување во Москва во 13:45 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Организиран панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Симболот на Мосфилм, со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.

30. Април (Четврток) МОСКВА - КРЕМЉ

Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

01. Мај (Петок) МОСКВА – СЕРГИЕВ ПОСАД

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање.

02. Мај (Сабота) МОСКВА - САНКТ ПЕТЕРБУРГ                                  

Појадок. Трансфер до железничката станица Ленинградски вогзал и организиран превоз до Санкт Петербург со модерен брз воз Сапсан (4 часа). Сместување во хотелот. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.

03. Мај (Недела) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЦАРСКО СЕЛО

Појадок. Препорачуваме прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

04. Мај (Вторник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ -  ПЕТЕРГОФ      

Појадок. Факултативна прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Враќање во хотелот во попладневните часови. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.

05. Мај (Среда) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ – ВИЕНА - СКОПЈЕ           

Појадок. Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо... Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје преку Виена во 14:20 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

ЦЕНА ПО ПАТНИК: 859€

За уплата до 29 Февруари: 779€

Во цената на аранжманот е вклучено:

Авионски превоз на релацијата Скопје – Виена – Москва и Санкт Петербург – Виена – Скопје со вклучени аеродромски такси.
Рачен багаж (ташна и 1 торба/куфер со вкупни димензии 115 см до 8 кг).
Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот.
Превоз со брз воз од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до железничките станици.
Трансфер во Санкт Петербург од хотелот до аеродромот.
Сместување во Хотел 3/4* во Москва на база 3 ноќевања со појадок.
Сместување во Хотел 3/4* во Санкт Петербург на база 3 ноќевања со појадок.
Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург.
Туристичка виза на Руската Федерација.
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg 3.100 денари.
Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич).
Кремљ 50 евра, Сергиев Посад 35 евра, Крстарење со брод по реката Москва,
Петропавловска Тврдина 10 евра, Ермитаж 35 евра, Петродворец Петергоф 45 евра, Царско Село.
Пушкин 50 евра, Крстарење со брод по реката Нева.
Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро).
Патничко-здравствено осигурување.


Напомени:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска противредност 1 евро=62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page