top of page

МИЛАНО - 4 ДЕНА СО АВИОН

Мода, Дизајн, Историја, Архитектура, Превкусна храна,

град кој спојува се во едно и никој не би останал рамнодушен!

Милано | 1 Октомври | Авион | 4 дена | 399 евра до 17.09

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет...во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.


01 Октомври (сабота) СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 16.30 часот. Авионот за Милано полетува во 18.45, слетува во 20.55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.


02 Октомври (недела) МИЛАНО
Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.


03 Октомври (понеделник) МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своитенајдобри филмски остварувања, као што е Џејмс Бонд - Казино Ројал.

Враќање во Милано.... Ноќевање.


04 Октомври (вторник) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 21.40, а пристигнувањето во Скопје е во 23.45 часот.


РЕЗЕРВАЦИИ до 17.09: 399 евра (24.658 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ по 17.09:
439 евра (27.130 денари)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано

  • Сместување во хотел 3* /4 * во Милано на база 3 ноќевања со појадок

  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.340 денари ( цената е променлива, инфо во агенција при резервација!!)

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.400 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг - 3.550 мкд

  • Посета на Лугано и Комо 80 евра

  • Туристичка такса 930 мкд - (се плаќа во агенција )

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување

  • Доплата за еднокреветна соба 5.900 мкд


Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. ГОЛДЕН ТУР.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето


Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 61,80мкд. При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 10 дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:
Т.А. ГОЛДЕН ТУР го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 10 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на
летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page