top of page

МАДРИД И ВАЛЕНСИЈА - 6 ДЕНА СО АВИОН

МАДРИД И ВАЛЕНСИЈА | Авион | 07 Март | 6 дена 

699 ЕУР по лице за резервации до 07.02.2023!

Кралскиот МАДРИД

Мадрид град на сонцето, паркови, традиција и страст, украсен со широки булевари, импресивни палати, пространи плоштади и раскошни фонтани.

Дозволете да ве понесе неговата весела песна и единственото Фламенко, звукот на кастањети, магичната корида и надалеку познатата сангрија!

 

Гламурозната ВАЛЕНСИЈА

Валенсија футуристички град со богата историја. Совршен спој на средновековната и модерна архитектура, модерни градби и вековна традиција,

Град на науката и уметноста како и најстариот универзитетски град во Европа.

 

Величественото ТОЛЕДО

Толедо некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска.

 

07. Март (Вторник)               СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - МАДРИД

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 08:45 и пристигнување во 16:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми... Ноќевање.

08. Март (Среда)                   МАДРИД

Појадок. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Прошетката продолжува со посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

09. Март (Четврток)              МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Препорачуваме посета на музејот THYSSEN BORNEMISZA. Ноќевање.

10. Март (Петок)                   МАДРИД – ТОЛЕДО - ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.

11. Март (Сабота)                 ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, импресивен пример на модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до привлечното и историско јадро на Валенсија и слободно време за ручек во некој од рестораните каде што се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia” свежо цеден сок од портокали и шампањ. Ноќевање.

12. Март (Недела)                 ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Валенсија. Полетување за Истанбул во 12:10 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:00 и полетување за Скопје во 20:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.

 

За уплата до 07 Февруари:       699 евра         (43.190 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:      759 евра         (46.900 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

- Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг)

- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид

- Сместување во Хотел 3/4* во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран превоз од Мадрид до хотелот во Валенсија

- Сместување во Хотел 3/4* во Валенсија на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран трансфер од хотелот до Аеродромот во Валенсија

- Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)

- Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 50 евра, Фламенко...

- Влезници во локалитетити

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

- Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 61,8 денари

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн 8 / локал 1

Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 311 222

M. +389 72 220 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page