top of page

МАДРИД И ВАЛЕНСИЈА

МАДРИД И ВАЛЕНСИЈА
Датум: 7 Март | Денови: 6 | Превоз: Авионски | Цена: 599 Евра | Хотел: 3*/4*

Опис на патувањето:

7. Март (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - МАДРИД

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:30 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во 16:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми. Ноќевање.

8. Март (Недела) МАДРИД

Појадок. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Прошетката продолжува со посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

9. Март (Понеделник) МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Препорачуваме посета на музејот THYSSEN BORNEMISZA. Ноќевање.

10. Март (Вторник) МАДРИД – ТОЛЕДО - ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.

11. Март (Среда) ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, импресивен пример на модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до привлечното и историско јадро на Валенсија и слободно време за ручек во некој од рестораните каде што се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia” свежо цеден сок од портокали и шампањ. Ноќевање.

12. Март (Четврток) ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Валенсија. Полетување за Истанбул во 12:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:35 и полетување за Скопје во 20:10 (локално време). Слетување во Скопје во 19:50 часот.

За уплата до 31 Јануари цената е 599€

Редовна цена на аранжманот е 699€

Во цената на аранжманот е вклучено:

Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси.
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг).
Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Мадрид.
Сместување во Хотел 3/4* во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок.
Организиран превоз од Мадрид до хотелот во Валенсија.
Сместување во Хотел 3/4* во Валенсија на база 2 ноќевања со појадок.
Организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Валенсија.
Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата.
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 45 евра, Фламенко.
Влезници во локалитетити.
Карти за локален превоз (метро).
Патничко-здравствено осигурување (инфо во агенција).


Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page