top of page

ВИЛА ЛИТЕА - Неа Потидеа

House Litea се наоѓа во Неа Потидеа на прва линија до плажа. Ова е првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна. Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња. Вилата е составена од два објекти А и Б.

Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани.

1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.

25% попуст за резервација и целосна уплата до 01.03.2022

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.


Услови за рана разервација: 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рана резервација ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација и истите се резервираат со 30% аконтација. Првите три и последните два термини се промо цени. 

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 7 ноќевања

  • Користење клима уред,

  • Користење безжичен интернет


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз

  • Патничко осигурување

  • Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

Скопје (Дрводекор) – 40еур по лице
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 55еур по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –40еур по лице
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 40еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

Битола -(Спортска сала) – 40еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –45еур по лице
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 45еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 45еур по лице


Попуст за превоз по лице:

  • Дете од 2-11,99год попуст -10 € од редовната цена за возрасен

  • Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

 
 
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е валиден за промо термините).
* Попустите не може да се комбинираат.
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител.
* Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
* Важат Општите услови на СКТМ.
 

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

Локално (грчко)  време    Македонско време    Летовалиште
             15;30                                14;30                        Неа Потидеа
             15;00                                14;00                           Калитеа
             14;45                                13;45                        Полихроно
             14;30                                13;30                           Ханиоти
             14;15                                13:15                        Пефкохори

Напомена:

На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Услови:

Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.

Важни информации:

Автобускиот превоз е организиран со високотуристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж

Важат Општите услови на СКТМ и ТА Голден Тур ( прочитај ги тука )

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 61,8 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page