1/6

ВИЛА РЕАЛ АПАРТМАНИ - Полихроно

Вила Reall Apartmani се наоѓа на 200м од плажа, во центарот на Полихроно, уличката која од црвата се спушта кон плажа, т.е до Хотел Посеидонио (види мапа). Вилата располага со лукс студија и апартмани  лоцирани на 3 спрата и приземје, ново отворена во јуни 2018та, и 2020 реновирана и проширена со дополнителни капацитети.  Собите располагаат со клима(вклучена во цена) + wifi (за брзината и јачината на интернетот ЈК Травел не презема одговорност) сите соби имаат ТВ, кујна, фрижидер, сопствен тоалет. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири итн.

Опис на соби:

1/2 – двокреветно студио – се наоѓаат на 1ви спрат (2 единечни душеци споени во брачно легло)

1/2+1 студио со еден брачен кревет + 1 софа (погодна за деца до 14год) балкон со поглед на море

1/3 – трокреветно студио се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен)

1/3+1 студио – се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/3+1 едно спален апартман – се наоѓат на 1ви и 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/4 апартман на приземје е апартман со една спална и дневен престој со 2 единечни легла , во истиот простор се наоѓа и кујната

1/4 апартман , апартман со една спална, кој се наоѓа на први спрат (еден брачен кревет + 2 единечни во дневниот престој каде што се наоѓа и кујната)

1/4 апартман со поглед на море, се едноспални апартмани лоцирани на 3ти спрат, имаат едно брачно легло и 2 единечни легла

1/4+1 апартман, е едноспален апартман лоциран на 1ви спрат, има еден брачен кревет, еден единечен кревет и плус софа која има фиока и може да се смести и 5то лице

1/5 апартман со една спална со еден брачен кревет и 3  легла, лоциран на 2ри спрат

 

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=61,8мкд

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини

Првите два и последниот  термин се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 15.03.2020

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Полихроно чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице

  • Велес (БП Макоил) – 35еур по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице

  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице

  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице

  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице

  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон – 30еур по лице

  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице

  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице

  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур

  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје и 15еур за Битола и Прилеп

  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

  • Возрасно лице над 63год – 10еур попуст

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,

  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител

  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес

  • -5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово

  • -4:00 Скопје (Дрводекор)

  • -4:30 Велес (БП мотел Македонија)

  • -5:00 Неготино (БП Неготино)

  • -5:40 Удово (БП Удово)

  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

 

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)

  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола

  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

  • -2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола

  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола

  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа

  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно

  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

  • Facebook Social Icon
  • LinkedIn Social Icon
LogoSKTM-120.png

©2018-2021 by Golden Tour. All rights reserved.