top of page

Хургада (Чартер Лет од Скопје) во Ноември

Термини: 25.11.2022 6 ноќевања СЕ ВКЛУЧЕНО!

Информации и резервации: 02 3139 228 / 072 220 528

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена - 6 ноќевања

 

1 ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.

Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на Магелан, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.

Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

2 - 6 ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.

Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција.

7 ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.

Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)

Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6 ноќевања на наведената услуга.

* Авионска карта и аеродромски такси на релација Скопје – Хургада – Скопје со чекиран багаж до 20кг

Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и

пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

 

 

 

Напомени:

За резервација потребна е уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници (цени со попусти за рани резервации) треба да се уплати најмалку 50% од износот. После уплатата барањето се процесира и потрврда од хотелот се добива 24 до 48 работни часа.

Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 14 дена пред почетокот на аранжманските услуги. Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на претставник од агенцијата. По превземањето на билетите мора да наравите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола.

Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слични. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ

Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.

Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.

На чартер летот за Хургада е дозволен еден багаж од 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми. Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50ml, гелови, спреј или пена.

ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен багаж е надлежна авио компанијата.

ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер. Времето на враќање од хотел ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.

 

ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

КОНТАКТ

 

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Дебар Маало веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page