



Хотел Oasis Splash - Калела
Хотел Oasis Splash 4* - Калела е идеално место за вашиот одмор!!!
Се наоѓа на неколку минути пешачење од прекрасната плажа, каде што можете да уживате во топлото сонце и кристално чистото море. Калела е живописно туристичко место со богата понуда на ресторани, кафулиња, шопинг-зони и забавни содржини. Доколку сакате да ја посетите Барселона, градот е одлично поврзан со воз и автобус, што го прави идеална дестинација за дневна екскурзија. Собите се пространи, модерно уредени и нудат приватен балкон со прекрасен поглед кон морето или базенот. Секоја соба е опремена со клима, ТВ, бесплатен WiFi и сите удобности што ви се потребни за пријатен престој.
Oasis Splash Hotel е посебно познат по својот неверојатен аквапарк со тобогани, детски базени и забавни содржини што ќе ги воодушеват најмалите. За возрасните, тука се големите базени со лежалки и бар покрај базенот, каде што можете да се релаксирате со освежителен коктел во рака.
Во ресторанот на хотелот ве очекува разновидна шведска маса со богат избор на локални и интернационални јадења. Доколку патувате со деца, нема грижи – има специјално детско мени, како и широк асортиман на свежо овошје, десерти и освежителни пијалаци.
Во сите хотели има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Во цената е вклучено:
- 7/10/11 ноќевања на база полупансион
- Авионски билет со лет од Скопје на авиокомпанијата Wizz Air со вклучени аеродромски такси
- Во цената е вклучен багаж во авионот MAX 10 KG димензија - 40x30x20 cm* БЕСПЛАТНО. - Тркалца: дозволено/не е задолжително, мора да ја собира под седиштето пред вас; може да биде торба за лаптоп, женска чанта или мал ранец
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Дете од 0-2 година плаќа 80 евра аеродромски такси.
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција
- Туристичка такса во хотел - 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
- Доплата за багаж во правец по лице изнесува 30 евра.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1
Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 72 220 528
M. +389 72 311 222
М. +389 76 455 735