top of page

ВИЛА ВЕРГИНА - Ханиоти

Вила Вергина се наоѓа на 50м оддалеченост од плажа, во мирниот дел на Ханиоти во близина на бич барот Молос ( 200 метри). До најблиската плажа води мала патека која е веднаш до вилата. За лицата кои патуваат со сопствен превоз: внатрешен паркинг нема, се паркира на самата улица. Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби на кат, четворокреветни студија на кат, четворокреветни мазонети на приземје и апартмани за 4 лица лоцирани на прв кат.Сите соби и студија се опремени со мини кујни со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, ТВ, балкон и  wi-fi ( почнувајќи од 01.06.2020). Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
 

15% попуст за резервација и целосна уплата до 31.01.2022

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената Е вклучено:
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год  -10 € од редовната цена
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Ханиоти чини:

 

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики    
Скопје – Дрводекор    04;00    35 €
Велес – БП мотел Македонија    04;30    35 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес    03;40    45 €
Струмица – БП Макпетрол кај нов кружен тек, трансфер до Удово    05;00    45 €
Неготино – бензинска, Неготино    05;00    35 €
Удово – бензинска Удово    05;40    35 €
Граничен премин – бензинска Шимов    06;00    35 €
 

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики  
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон                      04;00    35 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола                                 03;15    35 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола                                  02;15    40 €
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола                        02;15    45 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола    02;30    40 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола           03;15    40 €


ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време    македонско време    летовалиште
              15:00                            14:00                        Калитеа
              14:45                            14:00                      Полихроно
              14:30                            13:30                        Ханиоти
              14:15                            13:15                     Пефкохори

 

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Автобускиот превоз е организиран со високотуристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж

Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.

Цените се дадени во евра. Плаќање исклучиво во денари, по курс 1 евро = 61,8 денари.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА Голден Тур ( прочитај ги тука )

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page