



Hotel Grand Gold 4* - Kumburgas
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето.
Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања со појадок и автобуски превоз
•Доплата за вечера 8 евра по лице од ноќ (се плаќа во хотелот по желба)
• Поаѓањето за турите е еден ден пред реализацијата на аранжманот во вечерните часови од Скопје (Дрводекор)
ТРАНСФЕРИ: Битола, Прилеп, Дреново, Росоман, Велес – доплата 10евра по лице
• Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби
•Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз, а на редовните се одземаат 20евра за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10евра (освен првите две).
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА (услови поставени од самиот хотел):
-
Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
-
Дете од 3 до 8 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, доколку е придружувано од двајца возрасни
-
Едно дете со еден возрасен плаќа целосна сума
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
-
Check in во собите е после 14h по турско време
-
Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
-
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
-
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од собите на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
-
Хотелот има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
ОПИС НА ХОТЕЛ:
Хотелот Гранд Голд 4* се наоѓа во централниот дел на Кумбургаз. Располага со голем базен кој е исполнет со солена вода, сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, а исто така и бар во делот кај базенот каде гостите можат да се освежат со кафе, коктел или некоја закуска. Исто така, за сите гости во пределот на плажата и базенот, хотелот секојдневно обезбедува пешкири за користење. Она што ги привлекува гостите да се чувствуваат убаво е пријатниот амбиент, љубезниот персонал и турската гостопримливост.
Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби, а распоредот на собите го прави хотелот пред пристигнувањето на гостите. Во целиот објект има бесплатно ви-фи, а во секоја соба има клима уред и пешкири.

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528