



ФИРЕНЦА И СИЕНА - 4 ДЕНА СО АВИОН
ИТАЛИЈА Е СИМБОЛ НА УБАВИНАТА!
ФИРЕНЦА И СИЕНА | Авион | 10 Март | 4 дена
399 ЕУР по лице
10. Март (Петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 16:30 часот. Полетување за Болоња во 17:55 и пристигнување во 19:45 часот. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање.
11. Март (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Препорачуваме разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити... Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.
12. Март (Недела) ФИРЕНЦА - СИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13. Март (Понеделник) ФИРЕНЦА - БОЛОЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети. Пешачка прошетка по Плоштадот Маџоре, опкружен со најпознатите знаменитости и најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 20:20 часот и пристигнување во Скопје во 22:00 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра (24.658 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно
Сместување во избраниот хотел во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
Организирани разгледи на Фиренца и Болоња
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 2.500 денари
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.500 денари
Посета на Сиена 50 евра
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
Доплата за еднокреветна соба 9.300 денари
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=61,8 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн 8 / локал 1
Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 311 222
M. +389 72 220 528