



КРСТАРЕЊЕ ПО ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ
Поаѓање: 13. Јануари 2022
9 дена / 8 ноќи (7 ноќи сместување)
Мистично крстарење по Персискиот залив
14.01 Dubai - - --
15.01 Dubai -- 23:59
16.01 Abu Dhabi 09:00 23:59
17.01 Doha (QATAR) 14:00 22:00
18.01 ...CRUISING... - -
19.01 Muscat (OMAN) 07:00 17:00
20.01 Dubai 13:00 --
21.01 Dubai --
ПРОГРАМА
1. ден (13.01.2022) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ -ДУБАИ
Состанок на патниците на аеродромот Скопје 18:00 часот. Полетување за Истанбул во 20:35 (лет ТК 1006). Оброк во авион. Слетување во Истанбул во 00:10. Полетување за Дубаи во 01:30 (лет ТК 762) на 14.01.2022. Оброци во авион.
Слетување во Дубаи во 07:00 часот по локално време. По царинските и пасошки формалности организиран панорамски разглед на Дубаи (Burj el Arab, Dubai the Palm, Madinat Jumeirah, Spice and Gold Souk). Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање.
Околу 12:00 часот чекирање на бродот Costa Firenze. Слободно попладне за сместување на бродот, откривање на содржините и услугите на бродот. Новиот брод на Costa Cruises, Costa Firenze заплови во јули оваа година. Пловиме во италијански стил на Блискиот исток.
2.ден (15.01.2022) ДУБАИ
Слободен ден за разгледување на Дубаи. Предлагаме претпладнето уживање на ЈБР плажата. Попладне - Предлог факултативно Dubal Mall, Dubai Fountain & Burj Kalifa. Предлог факултативен излет:
BURJ KALIFA - највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат ...Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (потребна е претходна резервација).
DUBAI MALL трговскиот центар втор по големина во светот по Иран Мол по вкупна површина и 26-ти најголем трговски центар во светот по бруто изнајмлива површина.
Следни атракции кои можат да се посетат овде
- Аквариумот во Дубаи Мол трговскиот центар – уникатен аквариум каде може да видите и ајкули и многу видови на риби и морски останат морски свет. Доколку сакате да влезете во него потребно е да се купи карта во самиот трговски но доколку не сакате мал дел од аквариумот може да се види и од ходникот на самиот трговски центар.
- Разиграни фонтани – најимпресивните разиграни фонтани во светот, во рамки на Дубаи Мол (најголемиот трговски центар во светот), спроти највисоката зграда на светот Бурж Калифа, кои танцуваат по 18 часот на секој половина час и секој пат на различна песна. Пред нив имате голем избор на ресторани и кафулиња за Ваш одмор. Незаборавно искуство од кое ви навираат солзи во очите.
3.ден (16.01.2022) АБУ ДАБИ
Слободен ден за разгледување на Абу Даби. Абу Даби е главен град и втор најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати. Градот Абу Даби се наоѓа на остров во Персискиот Залив, во близина на Централниот западен брег. Поголемиот дел од градот и Емиратот живеат на копното поврзано со остатокот од земјата. Седиштето на Инвестициската управа во Абу Даби е во градот и беше третиот по големина суверен богат фонд во светот во 2020 година. Во Абу Даби се сместени канцелариите на локалната и федералната влада и е дом на Владата на Обединетите Арапски Емирати и Врховниот совет за нафта. Градот е дом на претседателот на ОАЕ, кој е член на семејството Ал Нахајан. Брзиот развој и урбанизација на Абу Даби, заедно со огромните резерви на нафта и гас и производство и релативно високиот просечен приход, го трансформираа во голема, развиена метропола. Тој е центар на политиката и индустријата на земјата и главен центар за култура и трговија. Абу Даби опфаќа околу две третини од економијата на ОАЕ од околу 400 милијарди долари. Предлог факултативен разглед
Главни места кои се посетуваат:
-
Sightseeing tour of Abu Dhabi
-
Sheikh Zayed Grand Mosque (photo stop)
-
Corniche and Marina Café
-
Ittihad square
-
Qasr Al Hosn
Програма: Saadyat Island Ја започнуваме турата со пријатен панорамски разглед на градот, модерен, космополитски мултикултурен и богат главен град на Емиратите каде традицијата и иновациите одат рака под рака. Провото застанување за фотографирање е кај Sheikh Zayed Grand Mosque, една од најимпресивните џамии во светот која собира и до 40.000 луѓе. Вистинска оаза на мирот карактеристичен по еклектичниот спој на елементи од типична архитектура на повеќе региони во исламскиот свет. Ја продолжуваме турата долж Corniche (шеталиште), восхитувачкиот крајбрежен пат кој ги разделува висококатниците од белата песочна плажа. Застануваме за фотографирање кај Marina Café за да го запомниме спектакуларниот изглед на Абу Даби и да уживаме во глетката. Кратко возење ќе не однесе до Al Ittihad Square, чие име значи Сојуз на арапски, кој е симболизиран со бели споменици од слонова коска како и големиот филџан за кафе кои ги симболизираат арапската гостопримливост и вековна традиција. Разгледот е во траење од околу 4 часа.
4. ден (17.01.2022) ДОХА
Слободен ден за разгледување на Доха. Доха е основана во 1820-тите како огранок на Ал Бида. Во 1971 година официјално е прогласен за главен град на Катар, воедно и најнаселен град на Катар. Има население од 956.460 жители. Градот се наоѓа на брегот на Персискиот залив на исток од земјата, северно од Ал Вакра и јужно од Ал Хор. Тоа е најбрзорастечкиот град во Катар, со над 80% од населението на нацијата што живее во Доха или неговите околни предградија. Како комерцијален главен град на Катар и еден од новите финансиски центри на Блискиот Исток, Доха се смета за глобален град на бета ниво од Истражувачката мрежа за глобализација и светски градови. Градот беше домаќин на првиот состанок на министерско ниво на Развојниот круг преговори на Светската трговска организација во Доха. Исто така, беше избран за град домаќин на голем број спортски настани, вклучувајќи ги Азиските игри во 2006 година, Панарапските игри во 2011 година и повеќето игри на Азискиот куп на АФЦ во 2011 година. Во декември 2011 година, Светскиот нафтен совет ја одржа 20. Светска нафтена конференција во Доха. Дополнително, градот беше домаќин на климатските преговори на UNFCCC во 2012 година и треба да биде домаќин на Светското првенство на ФИФА во 2022 година Градот беше домаќин и на 140-то Собрание на Интерпарламентарната унија во април 2019 година..Предлог факултативен разглед
Главни места кои се посетуваат:
Katara Cultural Village: theatres, galleries and facilities for entertainment and cultural events
Photo stop at The Pearl-Qatar: an ultra-luxury district built on an artificial island
Visit to the oldest part of Doha and to Souq Waqif: time for shopping at the typical little shops
Програма:
Го напуштаме пристаништето во удобен автобус долж Corniche, променада-шеталиште кое се протега на 7 км и го опфаќа целиот залив на Доха каде се гледаат стари и ммодерни зданија. Нашата дестинација е Кatara Cultural Village, софистициран развоен центар кој содржи многу театри, галерии и објекти за забавни и културни настани кои го претставуваатархиктентонското наследство на регионот на иновативен начин со цел промоција на културата на Катар. Katara Cultural Village е поделена на неколку поставки а ние ќе прошетаме низ главната изградена во стилот на типичните улички на Катар и наречена Al Fareej. Воедно ќе уживаме и во повеќе модерни простори-ресторани, кафулиња, зелени простори и информативни центри. Нашата тура продолжува до The Pearl-Qatar, вештачки остров покрај брегот на западниот залив, доловувајќи го Медитеранскиот стил на Марина пристаниште со модерни јахти, висококатници, луксузни вили, светски познати хотели и луксузни шопинг центри. Тука застануваме за фотографирање. Продолжуваме кон најстариот дел на градот каде доминира старата џамија како и познатиот Souq Waqif, фасцинатниот пазар кој го сочувува автентичниот амбиент на минатото. Овој разглед е во траење од околу 4 ½ часа..
5. ден (18.01.2022) Пловидба
Ден за уживање во содржините на бродот Коста Фиренца.
6. ден (19.01.2022) Мускат
Слободен ден за разгледување на Мускат. Мускат е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Мускат. Во 2008 година, метрополитенската област Мускат имала 1.090.797 жители. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км2 и е поделена на шест окрузи.
Мускат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различни народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на тронот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Мускат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.
Околу градот доминантни се карпестите планини Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Мускат е застапена пред сè од трговијата и петролеум. Предлог факултативен разглед
-
Main stops
-
Grand Mosque
-
Amouage Perfume Factory
-
Bait Adam Museum
-
La Corniche, the beautiful coast road
-
Muttrah Souk
Програма:
Тргнуваме од пристаништето Mina Qaboos, и влегуваме директно во срцето на Мускат дом на Големата џамија на султанот Qaboos, важен религиозен и културен центар чие научно и интелектуално влијание се чувствува низ целиот Муслимански свет. Внатршноста е декорирана со уметнички мотиви на архитектурата и културните стилови од целиот свет, од Андалузија до Кина. Нашата следна дестинација е луксузната прфимеријата Amouage, основана во 1983 година во Оман. Потоа продолжуваме кон музејот Bait Adam, лоциран на приземјето на приватна куќа каде ќе можеме да поминеме време во разговор со сопственикот и да се восхитуваме на неговата колекција на парички, слики, оружја и орудија итн. По пристигнувањето ќе бидеме пречекани со арапско кафе и вкусни делиции додека главата на семејството ќе ни раскажува детали за животот во Оман од прастаро па до денешно време, религиозните фестивали и месецот на Рамазан. На крај ќе возиме долж La Corniche, градскиот крајбрежен пат за да стигнеме до стариот пазар во Muttrah, фасцинантен спој на старото и модерното кој постои од 18от век.
7. ден (20.01.2022) Дубаи
Слободен ден за разгледување на Дубаи.
Пристигнуваме во Дубаи со бродот во 13:00 часот.
Предлог факултативен разглед – Пустинско Сафари со традиционална вечера
Нешто што никако не смеете га пропуштите при вашата посета на Дубаи. Незаборавно искуство. Возење по екстремно големите дини со комплетно опремени и климатизирани џипови. На крајот на возењето вечера во импровизирано бедуинско село. Можност за јавање камили, бординг по песок, возење на баги колички.
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возењето по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот пејсаж, одиме кон нашиот камп во пустината. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
8. ден (21.01.2022) Дубаи
Го напуштаме бродот околу 10:00 – 11:00 часот. Не чека нашиот автобус којпрво ќе не однесе до Mall of the Emirates, трговскиот центар во Дубаи отворен во ноември 2005 година и се наоѓа на клучката четири на патот за Шеик Зајед. Има вкупна бруто закупна површина од 255.489 метри квадратни. Тој, исто така, е домаќин на семејни рекреативни активности, вклучително и Ски Дубаи (прв затворен ски-центар на Блискиот Исток и снежен парк), Театарот и уметничкиот центар на заедницата Дубаи со капацитет од 500 седишта и Меџик планетата, еден од најголемите затворени центри за семејна забава во Дубаи.Во ноември 2005 година, беше прогласен за Водечки нов трговски центар во светот на World Travel Awards во Лондон. Во 2017 година, Форбс го именуваше Mall of the Emirates како еден од првите пет трговски центри во Дубаи. По околу 2 -3 часа, се упатуваме кон MIRACLE GARDEN (Магичната градина). Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Секоја сезона, како што времето почнува да заладува на почетокот на зимата, портите повторно се отвораат во Дубаи Miracle Garden. Со повеќе од 150 милиони цвеќа во полн цут, овој рај од 72.000 квадратни метри процвета во една од најживописните дестинации со сладок мирис во регионот откако за прв пат беше отворен пред речиси девет години - соодветно, на Денот на вљубените. По посетата на градината се упатуваме кон последната дестинација GLOBAL VILLAGE. Глобалното село во Дубаи се наоѓа на патот Шеик Мохамед Бин Зајед на патот кон Дубаи. Комбинира култури од 90 земји низ целиот свет на едно место. Се тврди дека е најголемиот светски проект за туризам, одмор, шопинг и забава. Можете да танцувате на вашите омилени мелодии, да уживате во живи културни изведби, да гледате улична забава, да комуницирате со вашите омилени ликови, па дури и да гледате каскадерско шоу кое му пркоси на разумот.
Околу 22:30 часот поаѓање накај аеродромот и чекирање за нашиот лет.
Полетување од Дубаи во 02:40 часот. Оброци во авион. Слетување во Истанбул во 06:35 часот. Полетување за Скопје во 08:50 часот. Слетување во Скопје во 08:15 часот.
ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА-КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 61.80)

Цена за деца до 18 години
597 ЕУР плус аеродромски и пристанишни такси
За ова патување е задолжителна вакцинацијата против Ковид-19, целосно завршен циклус на вакцинирање.За деца под 11 години не е потрбна вакцина. Признаени вакцини: Biontech Pfizer, Moderna, Astrazenekca, Johnson&Johnson, Sputnik . За Синофарм и Синовак вакцините треба трета бустер доза на Pfizer.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз со Turkish airlines
30кг чекиран багаж + 8кг рачен багаж
Сместување во двокреветни балконски кабини на Costa Фирензе на база Full board (храна вклучена)
Панорамски разглед на Дубаи 14.01.2022
Организиран целодневен разглед, Emirates Mall, Miracle Garden, Global Village на 21.01.2022
Трансфери според програмата
Локални водичи за време на разгледите
Пратител од Скопје
Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Мулти Виза за Дубаи Еур 90
Costa Cruises Covid осигурување Еур 33 (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
ПЦР тест не постар од 72 часа пред поаѓање.
Пијалоци на бродот
Задолжителни напојници на бродот Еур 10 по лице на ден
Факултативни разгледи:
-Пакет Абу Даби, Доха, Мускат Еур 99 (поединечно букирање на овие три излети чини еур 145)
Полудневен излет Дубаи, Бурж Калифа, Фонтана, Дубаи Мол Еур 20
Влезница за Бурж Калифа Еур 47
Пустинско Сафари со вечера Еур 50
ВИЗИ: Визи обезбедува агенцијата по прибирање на потребната документација од страна на патникот. За виза е потребен пасош со важност од минимум 6 месеци, 1 слика (5x5cm, со светла позадина), 90 евра. Визата се добива во рок од неколку дена.
СМЕСТУВАЊЕ: Брод Коста Фиренца. Агенцијата организатор на ова патување строго води сметка за сместувачките единици. Агенцијата не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓааат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА: За резлизација на ова патување е потребен минимум од 20 патници
Услови на плаќање: За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК: До 40 дена пред патувањето се задржува 50% од цената, од 39 дена до почето на патувањето 100% од цената
Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечни содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
Важат општите услови на патување на Golden Tour

КОНТАКТ
Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 220 528
M. +389 72 311 222