top of page

Чартер лет

1.jpg

| Мeraki Resort 4* Adults Only! |

Meraki Beach Resort се наоѓа во стариот дел на Хургада на 500м од центарот и 13км од аеродромот.Хотелот има сопствена песочна плажа, која е една од најубавите во Хургада.

од 759€ по лице | 6 ноќевања

All inclusive

Чартер лет

Чартер лет

DJI_0302.webp

| Justiniano Deluxe Resort 5* - Okurcalar, Alanija | 


Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар, 90 км од аеродромот во Aнталија и 33 км од Аланија. Приватна плажа – камчеста, со лежалки и чадори за сонце како и пешкири за плажа се бесплатни.

од 599€ по лице | 6 ноќевања

All inclusive 

Чартер лет

Чартер лет

grandringhotel096f558d.webp

| Grand Ring 5* - Kemer |

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби, 40 км од аеродромот во Анталија, 25 км од центарот на градот и 10 км од Кемер. приватна плажа на хотелот, камчиња, лежалки, чадори за сонце се бесплатни, пешкири за плажа се со депозит.

од 399€ по лице | 6 ноќевања

All inclusive

Чартер лет

Чартер лет

0-02-04-dc9bff515eb2ec394e93c4c4ac96a712

| Miraggio Thermal & Spa Resort 5* |

 

Најинспиративната и најлуксузната дестинација на Халкидики која со песочните плажи и лазурното море ги надминува сите очекувања и обезбедува сè што би посакале.

од 500€ по лице | 5 ноќевања

Bed and breakfast

Сопствен превоз

Чартер лет

rosa_beach.jpg

| Rosa Beach 4* - Monastir |

Vincci Rosa Beach & Thalasso се наоѓа во хотелскиот регион Сканес-Монастир. Од аеродромот во Монастир е оддалечен околу 2 километри.Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок.

од 440€ по лице | 6 ноќевања

All inclusive

Чартер лет

Чартер лет

TRBARMONIA_AKYA-TOP-1.jpg

| Armonia Holiday Village 5* |

Хотелот се наоѓа во областа Тургутрес, 24км од центарот на Бодрум и 54км од аеродромот на Бодрум. Хотелот располага со сопствена песочна плажа,чадорите за сонце,лежалките и пешкири(со депозит) на плажа не се наплатуваат 

од 598€ по лице | 6 ноќевања

All inclusive Plus

Чартер лет

НАШАТА ВИЗИЈА

Untitled.png

Golden Tour како динамична компанија за патувачки менаџмент, се стреми кон остварување на главните цели и тоа пред се квалитетна услуга, професионална одговорност, идејни решенија со најсоодветни опции при патувањето, како во земјава така и во странство.

Наша примарна цел е минимизирање на трошоците на клиентите при патувањето, како и навремени и точни информации. Со нашето долгогодишно искуство, посветеност, постојаност и истрајност во работата, клиентите добиваат квалитет кој резултира со можност за остварување пред се одлична организација при патувањата и економска исплатливост. Со нас добивате тим што е секогаш на располагање да одговори на барањата соодветно и навремено.

Golden Tour поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерство за Економија на Р.М.

Golden Tour е член на Стопанска Комора за Туризам на Македонија (СКТМ).

УСЛУГИ

АВИОНСКИ БИЛЕТИ

Располагаме со систем за резервации и издавање на авиобилети - Amadeus, соодветен за индивидуални и групни патувања од сите авиокомпании кои се достапни.

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

Располагаме со хотелски резервациски системи, при што нудиме хотелско сместување насекаде во светот со значајно пониски цени од објавените на рецепција, за индивидуални и за групни патувања. Нудиме и опција за плаќање на рецепција во одредени хотели низ Македонија и странство.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ

Комплетна организација на состаноци, семинари, конференции, конгреси и тим билдинг активности. Целосна поддршка и консултација за максимални резултати.

ВОЗНИ КАРТИ

Обезбедуваме возни билети со поволни цени од сите главни железнички оператори и поврзуваме најголем број Европски градови.

РЕНТ А КАР И ТРАНСФЕРИ

Располагаме со соодветни резервациски системи за рент а кар како и за трансфери во земјата и странство. На тој начин добивате квалитетна и навремена услуга со одличен избор.

АРАНЖМАНИ

Комплетно планирање и организирање на вашиот годишен одмор. Летување, зимување или продолжен викенд, тука сме да ви ја понудиме најсоодветната опција.

ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

Посебно креирани аранжмани согласно вашите потреби за патување низ цел свет по најповолни цени.

ВАУЧЕРИ ЗА ПАТУВАЊA

Сакате да изненадите некого или да ги наградите вашите вработени? Подарете вредносен ваучер, посебно креиран согласно вашите потреби, од било кој износ за користење на некоја од нашите услуги.

КОНТАКТ

ул. Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Дебар Маало веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528 

M. +389 72 220 528 

M. +389 72 311 222 

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

Лиценца А број 13-419

bottom of page