top of page

БУДИМПЕШТА И ВИЕНА

4 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

10-14.10.2018

1 Ден СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.


2 Ден БУДИМПЕШТА 
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци... Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта, факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав и можност за факултативна вечера во традиционален ресторан - Чарда со богата музичка програма на танци и ора. Ноќевање.

3 Ден БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Виена: Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Марија Терезиа Плац, Виенската Опера... Слободно време. Враќање во Будимпешта со попатна посета на шопинг центарот Пандорф. Пристигнување во вечерните часови. Вечерта, можност за Факултативна вечера во Чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна. Ноќевање. 

4 Ден БУДИМПЕШТА – СЕНТЕНДРЕ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите како Тропикариумот, Зоолошката градина  или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот или факултативно посета на Сентендре - живописно гратче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 99 € (6.138,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел 3***, на база 2 ноќевања со појадок 
- Организиран разглед на Будимпешта и Сентендре
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативно крстарење по Дунав (15 €)
- Факултативна вечера во Чарда ( 30€)
- Факулативна посета на Виена и Пандорф ( 35Еур )  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко осигурување


НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page