top of page
1/6

БАРСЕЛОНА ВО МАРТ - 4 ДЕНА СО АВИОН 

Барселона | 05 Март | Авион од Тирана | 4 дена | 499 евра

 

Каталонската престолнина
Барселона – космополитски главен град на Каталонија, град на брегот на Средоземното море.  Прошетајте по улиците на градот во кој Гауди остави личен печат, воодушевете се од неговите ремек дела, црквата Саграда фамилијаа и притоа ќе имате впечаток дека сте заталкале во бајка... Задлжителна е посета на парк Гуел од каде се нуди незаборавна глетка на Барселона.. Каса Батло, Ла Педрера, Газа Фуел.... Потоа по познатата улица Лас Рамблас до самиот крај каде ве пречекува статуата на Колумбо свртена кон морската шир... Да не се заборави и уживањето во шпанската кујна, тука се бројните ресторани, барови.. дискотеки и препуштете се на магијата на ноќниот живот во овој прекрасен град...

 

05 март                                 СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на Холидеј Инн во 03.30, поаѓање за Тирана. Пристигнување на аеродром околу 09.50 часот. Полетување за Барселона во 11:50 часот. Пристигнување во Барселона во 14:30 часот. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Трансфер до хотел. Сместување. Слободна вечер. Ноќевање.

06 март                                БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас + Герона)

Појадок. Факултативна посета на Фигерас со Герона поаѓање од хотел во 09.30 часот  – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar.... Ноќевање.

07 март                                 БАРСЕЛОНА 

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” - ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Можност за посета на Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографиранје и пазарање од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани... Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

08 март                                 БАРСЕЛОНА   

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром, поаѓање околу 12.00 часот. полетување за Тирана во 14:35 часот. Пристигнување во 17.10 часот по полноќ. Трансфер до Скопје, пристигнување во доцните вечени часови.

 

 

ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА ДО 28.01  =   499€  (30.840 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   =  559€   (34.540 ден)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Тирана-Барселона- Тирана

  • Трансфер Скопје-Тирана-Скопје

  • Аеродромски такси

  • Рачен багаж (1 торба со димензии 40х30х20см)

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

  • Сместување во Хотел РИАЛТО 3*  https://www.hotel-rialto.com/  во центарот на Барселона на база 3 ноќевања со појадок 

  • Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Дополнителен багаж – чекиран куфер 10kg 2.900 денари - цената е променлива како се наближува летот.

 

Факултативни излети:

  • Посета на Парк Гуел, Шпанско село 70 евра (превоз и влезници)

  • Посета на Фигерас и Герона 80 евра –  ( целодневна екскурзија со превоз и влезница за Дали)

  • Фламинко шоу со пијалок 60 евра

  • Влезници за Камп Ноу 28 евра – се купува индивидуално на лице место

  • Влезница за Аквариум 25 евра - се купува индивидуално на лице место

  • Билети за јавен превоз

  • Доплата за еднокреветна соба 6.800 денари

 

НАПОМЕНИ:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 61,80 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

 

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн 8 / локал 1

Дебар Маало, веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 311 222

M. +389 72 220 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page