top of page

ВИЛА АГИОС ГЕОРГИОС - ФУРКА

Фурка се наоѓа на стотина км од Солун и секоја година привлекува се поголем број на туристи.
Првата работа со која се среќаваат туристите во ова место е прекрасната плажа која се наоѓа на 70 метри од вилата.Фурка е комбинација од природни убавини и мирен ноќен живот.
Местото е богато со зеленило, морето е кристално чисто и сино и изгледа совршено во комбинација со околните шуми и планини. Заоѓањето на сонцето е посебно доживување – како се спушта зад морето небото се украсува со црвени, пурпурни и портокалови зраци, па престојот на плажа попладне се продолжува и до 21 часот. Покрај природните убавини, туристите ги привлекува и добрата туристичка организација.
Модерната инфраструктура овозможува пријатен и комфорен одмор, одмор за сечиј вкус.

Студиа Агиос Георгиос Б кат – 70 метри од плажа, прекрасно уреден двор со многу зеленило, маслинки, опремен со детски играчки и скара на користење, телевизор и дел за дружење.
Четворокретните студиа се мезонети на 2 нивоа и голема пространост, идеални за комфорен семеен одмор.
Организиран автобуски превоз од Битола и Скопје со поаѓање и враќање на денот наведен во табелата.( со доплата)

Студијата се опремени со кујни, тоалет, тлевизор, клима со доплата (5 Еур/ден), големи тераси.

1/3 студио: три единечни кревети
1/4 мезонет: мезонет на два спрата, два единечни кревети на првиот спрат и два единечни на вториот спрат (со можност за дополнително легло)
Плажа 70 метри од долга песочна плажа.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ/БЕЗ ПРЕВОЗ

Во цената Е вклучено:

  • 7 ноќевања

  • Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Автобуски превоз

  • Користење клима уред, 3€ на ден

  • Патничко осигурување

  • Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год  10 € од редовната цена од/до Скопје
Дете од 2-11,99год   15 € од редовната цена од/до Битола и Прилеп
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасно лице над 63год 10 € попуст

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Валидни за сместување се ваучерот или списокот кој го има продружникот на патувањето.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во собата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од Халкидики (секоја САБОТА):

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики

Скопје – Дрводекор                                                                                         06;00      35 €

Велес – БП мотел Македонија                                                                       06;30      35 €

Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес                                       05;40      45 €

Струмица – БП Макпетрол кај нов кружен тек, трансфер до Удово        07;00      45 €

Неготино – бензинска, Неготино                                                                    07;00      35 €

Удово – бензинска Удово                                                                                 07;40      35 €

Граничен премин – бензинска Шимов                                                           08;00      35 €

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон                                      04;00        35 €

Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола                                                 03;15        35 €

Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола                                                  02;15         40 €

Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола                                        02;15         45 €

Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола                    02;30         40 €

Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола                           03;15         40 €

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време       македонско време        летовалиште

              15:00                                   14:00                         Калитеа

              14:45                                   14:00                       Полихроно

              14:30                                   13:30                         Ханиоти

              14:15                                   13:15                       Пефкохори

Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe

Автобускиот превоз е организиран со автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….),
да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж

Важат Општите услови на СКТМ и ТА Голден Тур ( прочитај ги тука )

КОНТАКТ

Народен Фронт 19А/40А
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

info@goldentour.com.mk

www.goldentour.com.mk

bottom of page